WordPress.org

Ready to get started?Download WordPress

Codex

Attention Interested in functions, hooks, classes, or methods? Check out the new WordPress Code Reference!

mk:Функција: the post thumbnail

Contents

Опис

Прикажете главна (ударна) фотографија за моменталниот напис.

Ознаката мора да се користи внатре во loop циклусот. Користете ја фунцијата get_the_post_thumbnail($id, $size, $attr ) за да ја земете главната слика на написот.

За да ги овозможите сликичките (thumbnails) за написите, темата што ја користите мора да ја има вклучено функцијата add_theme_support( 'post-thumbnails' ); во својата functions.php датотека.

Користење

 <?php the_post_thumbnail$size$attr ); ?> 

Параметри

$size
(string/array) (Optional) Големина на сликата. Клучен збор од типот: thumbnail, medium, large или full, или сопствена големина дефинирана со add_image_size(), или низа од 2 елементи за ширина и висина на сликата, пр:. array(32,32)
Default: 'post-thumbnail', што темата ја поставува користејќи set_post_thumbnail_size.

Забелешка: Кратењето на сликите не работи во WordPress 3.0+. Се што треба да се направи за WordPress 3.0 е да се повика функцијата за поставување на сликичка. Потоа, преку библиотеката со мултимедијална содржина се крати сликата.

$attr
(array) (Optional) Низа од атрибути. За повеќе детали, разгледајте го изворниот код на функцијата врз која се заснова the_post_thumbnail</code: <code>wp_get_attachment_image
Default: None
$default_attr = array(
	'src'	=> $src,
	'class'	=> "attachment-$size",
	'alt'	=> trim(strip_tags( $wp_postmeta->_wp_attachment_image_alt )),
);

Примери

Стандардна употреба

<?php 
if ( has_post_thumbnail() ) { // check if the post has a Post Thumbnail assigned to it.
  the_post_thumbnail();
} 
?>
<?php the_content(); ?>

Забелешка: За да ја вратите сликичката во вашиот PHP код, наместо да се прикаже, користете ја функцијата: get_the_post_thumbnail()

Големина на сликичките

Стандардната големина на сликичките во WordPress се „thumbnail“, „medium“, „large“, и „full“. Овие големини може да бидат конфигурирани на страницата за Мултимедија] од менито „Поставувања“. Ова е како можете да ја користите функцијата the_post_thumbnail() за дефинирање на големината на сликичките:

the_post_thumbnail();                  // without parameter -> 'post-thumbnail'

the_post_thumbnail('thumbnail');       // Thumbnail (default 150px x 150px max)
the_post_thumbnail('medium');          // Medium resolution (default 300px x 300px max)
the_post_thumbnail('large');           // Large resolution (default 640px x 640px max)
the_post_thumbnail('full');            // Full resolution (original size uploaded)

the_post_thumbnail( array(100,100) );  // Other resolutions

За регистрирање на нови големини за сликичките се користи функцијата: add_image_size().
За да поставите стандардна големина на сликичките, погледнете ја функцијата: set_post_thumbnail_size().

Post Thumbnail Linking to the Post Permalink

Забелешка: Не ги користете двата примери во една иста тема.

ПРИМЕР 1 За да ја поврзите сликичката со линкот до написот, користете го следнит код во соодветниот циклус (лупа):

 <?php if ( has_post_thumbnail()) : ?>
   <a href="<?php the_permalink(); ?>" title="<?php the_title_attribute(); ?>" >
   <?php the_post_thumbnail(); ?>
   </a>
 <?php endif; ?>

ПРИМЕР 2 За да ги поврзите сите сликички на вашиот сајт со соодветните написи, следниот код псотавете го во functions.php датотеката на вашата тема:

add_filter( 'post_thumbnail_html', 'my_post_image_html', 10, 3 );

function my_post_image_html( $html, $post_id, $post_image_id ) {

  $html = '<a href="' . get_permalink( $post_id ) . '" title="' . esc_attr( get_post_field( 'post_title', $post_id ) ) . '">' . $html . '</a>';
  return $html;

}

Врска на сликичката до големата(large) големина на сликата

Овој пример ќе ја поврзи сликичката од нејзината голема (large) големина. Мора да се користи во циклусот (лупата).

 <?php 
 if ( has_post_thumbnail()) {
   $large_image_url = wp_get_attachment_image_src( get_post_thumbnail_id(), 'large');
   echo '<a href="' . $large_image_url[0] . '" title="' . the_title_attribute('echo=0') . '" >';
   the_post_thumbnail('thumbnail');
   echo '</a>';
 }
 ?>

Стилување на сликичките

Сликичките ја добиваат класата "wp-post-image". Исто така, тие ја добиваат и класата според нивната големина. Нивниот изглед можете да го стилувате со некој од следните CSS селектори:

img.wp-post-image
img.attachment-thumbnail
img.attachment-medium
img.attachment-large
img.attachment-full

Покрај тоа, на сликичките можете да им давате и посебни класи.
Прикажување на сликичката со класа "alignleft":

<?php the_post_thumbnail('thumbnail', array('class' => 'alignleft')); ?>

Лог на промени

Изворна датотека

the_post_thumbnail() се наоѓа во wp-includes/post-thumbnail-template.php.

Ресурси

Поврзано

Post Thumbnails: has_post_thumbnail(), the_post_thumbnail(), get_post_thumbnail_id(), get_the_post_thumbnail(), add_image_size(), set_post_thumbnail_size()

See also index of Function Reference and index of Template Tags.