WordPress.org

Ready to get started?Download WordPress

Codex

mk:Функција:get search form

Contents

Опис

Прикажување на формата за пребарување користејќи ја searchform.php датотеката.

Користење

<?php get_search_form$echo ); ?>

Параметри

$echo
(boolean) (опционално) true за прикажување на формата; false за да ја врати формата како стринг.
Default: true

Резултат

(string) 
HTML кодот на формата доколку $echo параметарот е наместен да биде false.

Примери

Доколку немате searchform.php во вашата тема, WordPress ќе ја рендерира стандардната форма за пребарување со код:

<form role="search" method="get" id="searchform" action="<?php echo home_url( '/' ); ?>">
    <div><label class="screen-reader-text" for="s">Пребарувај за:</label>
        <input type="text" value="" name="s" id="s" />
        <input type="submit" id="searchsubmit" value="Пребарувај" />
    </div>
</form>

(Забелешка: Стандардниот кодт погоре повеќе не е стандарден (почнувајќи од WP 3.6 - beta 3). Стандардната форма нема id="searchform", туку користи class="searchform" или доколку е во HTML5, користи type="search", а не type="text". Доколку некој ги знае сите промени, ажурирајте го кодот и избришете ја оваа забелешка).

Доколку имате searchform.php во вашата тема, таа ќе биде искористена. Имајте на ум дека формата за пребарување треба да направи GET до почетната страница на вашиот сајт. Полето за влез треба да биде именувано s и секогаш треба да вклучува label, како во примерот подолу.

Пример за сопствена searchform.php:

<form action="/" method="get">
    <fieldset>
        <label for="search">Search in <?php echo home_url( '/' ); ?></label>
        <input type="text" name="s" id="search" value="<?php the_search_query(); ?>" />
        <input type="image" alt="Search" src="<?php bloginfo( 'template_url' ); ?>/images/search.png" />
    </fieldset>
</form>

Последна опција е да напишете сопствена функција (во вашата functions.php датотека):

function my_search_form( $form ) {
    $form = '<form role="search" method="get" id="searchform" action="' . home_url( '/' ) . '" >
    <div><label class="screen-reader-text" for="s">' . __( 'Search for:' ) . '</label>
    <input type="text" value="' . get_search_query() . '" name="s" id="s" />
    <input type="submit" id="searchsubmit" value="'. esc_attr__( 'Search' ) .'" />
    </div>
    </form>';

    return $form;
}

add_filter( 'get_search_form', 'my_search_form' );

Лог на промени

Изворна датотека

get_search_form() се наоѓа во wp-includes/general-template.php.

Поврзано

Include Tags

See also index of Function Reference and index of Template Tags.