WordPress.org

Ready to get started?Download WordPress

Codex

Attention Interested in functions, hooks, classes, or methods? Check out the new WordPress Code Reference!

mk:WordPress почетник - Од каде да почнам

Доколку првпат се среќавате со WordPress и не знаете од каде да почнете, тогаш Вие сте на вистинското место! Ова е едноставен чекор-по-чекор план за WordPress почетиници. И запомнете, доколку имате потреба од повеќе помош, голем број од опциите за помош се вметнати на оваа страница. Добредојдовте во возбудливиот свет на WordPress!

Чекор 1 - Читај

flowchart

Пред да инвестирате значаен дел од Вашето време во инсталирање на WordPress, постојат документи кои е препорачливо да ги прочитате. WordPress е одлучен продукт; лесен е за употреба, многу е моќен, но не е вистинскиот софтвер за секого. Исто како градењето на куќа, потребно е да ја користите вистинската алатка за вистинската работа.

Чекор 2 - Направете план

Според информациите кои ги прочитавте погоре, вклучувајќи ги и инструкциите за инсталирање на WordPress, Вие треба да имате и листа на работи кои ќе ви бидат потребни и треба да ги направите. Доколку немате, направете ја листата сега - осигурете се дека се вклучени и следните информации:

Следните документи ќе Ви помогнат да научите повеќе за работата на WordPress и како да направите план за Вашиот WordPress сајт:

Важно е да се има план како ќе го направите и користите Вашиот WordPress сајт. Еве неколку прашања да си ги поставите и одговорите самите себеси. Направете листа од одговорите и додадете ги во Вашиот план.

  • Дали WordPress ќе го инсталирате во главниот (root) директориум, под-директориум или ќе поставите тест сајт за да видите како работи и дали ќе го користите?
  • Дали имате листа на категории? Запомнете дека WordPress можеда ги подредува категориите по азбучен ред или по ID (подредувањето се поставува преку Менаџирај > Категории), па доколку распоредот на категории ви е важен, започнете со правење на листата на категории.
  • Дали имате направено листа со Pages кои ќе ги користите на Вашиот сајт, како на пример: За мене, Контакт, или Настани?

Чекор 3 - Инсталирај WordPress

Со овие информации и план, време е да го инсталирате WordPress.

Чекор 4 - WordPress поставувања

Откако ќе го инталирате WordPress, време е да ги наместите поставувањата. Како што ги менувате поставувањата, препорачливо е да видете како тие влијаат на Вашиот сајт, а тоа можете да го сторете со кликање на Името на сајтот кое се наоѓа на врвот од Администрациониот екран. Изборот од каде ќе започнете со поставување зависи од вас.

  • Administration > Users > Your Profile - информации за Вашиот профил
  • Administration > Users > Add New - додадете корисници и автори кои ќе го користат Вашиот сајт
  • Administration > Settings > General - поставете го името на Вашиот сајт и други информации за Вашиот сајт
  • Administration > Settings > Writing - поставете ги опциите за пишување
  • Administration > Settings > Reading - поставете колку написи да се прикажуваат по страница
  • Administration > Settings > Discussion - овозможете или оневозможете ги коментарите и сите поставувања за коментирање
  • Administration > Posts > Categories - додадете неколку категории за да имате листа каде ќе ги сместите Вашите први написи
  • Administration > Posts > Posts - откако ќе напишете неколку написи, од оваа страница ќе можете да ги уредувате истите
  • Administration > Appearance > Themes - можеби ќе сакате да го промените изгледот на Вашиот сајт?
  • Administration > Page > Pages - додадете Страница или две, како на пример "За мене" или "Контакт"
  • Administration > Posts > Add New - започнете со додавање на содржина на Вашиот сајт
  • Writing Posts - чекор-по-чекор инструкции за пишување на написи

Пронајдете време да ја прочитате официјалната WordPress документација. Со сигурност ќе пронајдете корисни информации со читање на WordPress лекциите, и овие корисни документи:

Презентации и теми

Промената на изгледот на WordPress е можна да се направи со само неколку клика. Еве листа на ресурси и информации за промена на изгледот:

Во овој момент можеби во Вашата тема ќе најдете нешто што не ви се допаѓа, или едноставно сакате да научете како WordPress темите функционираат. Ова се едноставни упатства кои ќе ви помогнат да научите како да ја уредувате Вашата WordPress тема:

Доколку сакате да создадете нова WordPress тема, потребно е да имате познавање од HTML, XHMTL, и CSS. Следните документи ќе ви помогнат од каде да почнете:


Додавање додатоци

Постои и голем број на скрипти и програми кои во WordPress се наречени Додатоци и со кои можете да нови можности на Вашиот WordPress сајт. WordPress додатоците може да прават голем број на работи. За повеќе информации како да работите со додатоците и каде можете да најдете додатоци, погледнете:

Напредно користење на WordPress

Сега кога сте запознаени со основите на WordPress, можеби е време да навлезете подлабоко и ја испитате моќтта на WordPress. Врските подолу ќе ги унапредат Вашит познавања со PHP, HTML, XHTML и CSS:

Повеќе помош

Доколку заглавите некаде, немојте да очајувате бидејќи постои и помош! WordPress е бесплатен и со отворен код, и постои голем број на волонтери кои сакаат да ви помогнат. Еве неколку корисни ресурси за WordPress:

И конечно

Сега кога сте добивте со титулата WordPress корисник, можете да размислете да допринесете во развојот на WordPress документацијата, форумот за поддршка, развојот и други волонтерски начини со кои ќе му помогнете на WordPress. WordPress е бесплатен и целосно поддржан од волонтери, а Вашата помош е повеќе од потребна.